ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ВИЈАГРА СПРЕМААТ ВАКЦИНА ЗА КОРОНА: Дали во есен веќе ќе започне вакцинацијата?

30 април, 20200
Naslovna

Повеќе за оваа вакцина се очекува да се знае наскоро.

Фармацевтскиот гигант „Pfizer“ во вторникот објави дека може да ја тестираат вакцината за новиот корона вирус уште следната недела – и дека оваа вакцина за итна употреба, може да биде готова уште во есента.

„Ова е криза и на сите ни треба решение“, рече Алберт Бурла, директор на „Pfizer“.

„Pfizer“ работи со германската компанија „BioNtech“ за развој на вакцината. Клиничките тестови на луѓе доброволци во Германија веќе се во тек.

Здравствената политика на САД би можела да дозволи тестирање на вакцини на луѓето уште следната недела, објави Бурла.

Доколку сето тоа оди според планот, резултатите од истражувањата ќе бидат објавени во рок од еден месец, а потоа, доколку се совпаднат, вакцината за итни случаи може да биде готова за дистрибуција до есен, објави Бурла.

Њујоршката компанија „Pfizer“ инвестираше околу 650 милиони евра во развој и производство на вакцини.

„Можете и самите да замислите дека побарувачката ќе биде исклучително голема“, рече Бурла.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi