Русите умираат од корона, но многу повеќе ги ужаснува оваа работа!

23 мај, 20200
rusija

Околу 40 500 граѓани на Русија кои ја изгубиле работата ќе добијат паричен надомест од околу 250 евра. Само во Москва без работа останале 18 илјади луѓе.

Но се претпоставува дека бројот на невработени лица во Москва е многу поголем. Особено загрозени се странците кои работат во Москва, на кои им е истечен договорот за работа и визата, но мораат да останат во Москва.

Аналитичарите претпоставуваат дека до крајот на годината дури 10 милиони луѓе во Русија ќе останат без работа.

Заради сето ова, многумина едвај чекаат да завршат карантинските мерки за да можат да почнат со работа. Центарот на Москва кој е преплавен со продавници сега е тивок. Можат да се видат само полицајци кои патролираат.

Во изминатите 24 часа во Русија се регистрирани 8 849 новозаразени лица и вкупната бројка на заразени до сега изнесува 317 554. Околу 42 проценти од заразените лица немаат никакви симптоми.

Портпаролот на Путин Дмитриј Песков кој во моментот е на болничко лекување од коронавирус изјавил дека во Русија нема причина да се крие бројот на заразени лица од Корона.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *