„САЈБЕР-СВИЊА“ Милијардерот Елон Маск започна чипирање на животински мозоици

29 август, 2020
Test 01 Alo Nenad Vujanovic_1000x0

Компанијата за развој на науката „Невралинк“, основана од милијардерот Елон Маск, ја претстави свињата по име Гертруда, која веќе два месеци има компјутерски чип со големина на паричка, што може да биде првиот чекор во лекувањето на луѓе со истиот тип на имплантат.

Невралинк има за цел да вклучи безжичен минтерфејс мозок-компјутер кој вклучува илјадници електроди во најсложениот човечки орган, како би помогнал во лекување на невролошки состојби како што се Алцхајмерова болест, деменција и повреда на ‘рбетниот мозок и на крајот да го поврзе човештвото со вештачката интелигенција.

„Уредот кој може да се имплантира всушност може да ги реши овие проблеми“, рече Маск во петокот, споменувајќи ги проблемите како што се губење на меморијата, губење на слухот, депресија и несоница.

 Маск рече дека компанијата предвидува движење на свињите со „голема прецизност“ со употреба на податоци од имплантот со дијаметар од околу 23 милиметри.

Првите клинички испитувања на Невралинк кај мал број пациенти-луѓе би биле насочени кон лекување на парализа или параплегија, изјави главниот хирург на компанијата Метју Мекдугал.

Маск изјавил дека компанијата имала три свињи со по два импланти, а откриле и свиња која претходно имала имплант. „Тие се здрави, среќни и не се разликуваат од вообичаените свињи“, рече Маск.

„Можев да го имам Невралинк во главата сега, а вие не би знаеле … Можеби и имам“, рече Маск.

Еден коментар од гледач на веб-емисијата ги опишува животните како „сајбер-свињи“.

escort - Korsan taksi