Се самоубил затоа што неговата сопруга била позитивна од корона вирусот: Син го наоѓа таткото обесен во спална соба

30 април, 20200
самоубиство

Мажот кој кренал раце од себе, не оставил проштална порака.

Сатбир Синг (54) од Индија, се обесил неколку часа, откако му било потврдено дека неговата сопруга е заболена од корона вирусот. Синг се обесил во својата спална соба, а грозоморното гледиште прв го видел неговиот син, кој спиел во моментот на трагедијата.

Според локалните медиуми, сопругата на Синг со денови се чувствувала лошо, по што била примена во приватна болница, каде била тестирана за корона вирусот. Синоќа пристигнале резултатите и се покажало дека жената е позитивна. Отпрвин, Синг не реагирал на оваа вест, но кога неговиот син и снаата, отишле да се одморат како и медицинскиот персонал, Синг го зел јажето и се обесил на вентилаторот поставен на таванот во неговата спална соба.

Околу 8 часот утрово, телото го пронашол неговиот син кој дошол да провери зошто неговиот татко не се симнува на појадок.

Несреќниот човек не оставил писмо за прошка, а мотивот за самоубиство сè уште не е познат.

– Нема индикации дека станува збор за насилна смрт. Отфрливме убиство и цврсто веруваме дека Синг ја кренал раката од себеси. Сепак, мотивите остануваат непознати и истрагата сè уште трае – соопштила полицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *