Смртоносната пратка стигнала од Канада во Вухан? Шокантна теорија за настанокот на коронавирусот!

17 јуни, 20200
korona 4

Пратка со наведениот вирус е испратена од Националната лабораторија за микробиологија Винипег во Канада на Институтот за вирусологија во Вухан во почетокот на 2019 година.

Медиумите зборуваат дека една научничка од лабораторијата во Винипег е отстранета од работа заради истрага во која се вели дека таа е очигледно одговорна за извоз на патогенот.

Канадските власти инсистирале дека пратката не е поврзана со избивањето на КОВИД- 19 или истражувањето на пандемијата.

Но професорот по право и епидемиолог од Универзитет во Отава, Амир Атаран смета дека овој настан е опасен по живот, нарекувајќо го алармантен.

Додека медиумите пишуваат за порастот на функционалните експерименти кои вклучуваат и природен патоген донесен во лабораторија, направен да мутира, а потоа е проценето дека станал смртоносен, Атаран потенцира дека повеќето земји се воздржуваат од објавување на такви експерименти бидејќи тоа го сметаат за премногу опасно.

Кина беше првата земја на светот која се соочи со коронавирусот бидејќи епидемијата со КОВИД-19 за прв пат беше пријавена во провинцијата Хубеи. Во последните месеци Вашингтон постојано го обвинуваше Пекинг дека крие информации поврзани со епидемијата, дополнително обвинувајќи го за ширење на заразата. Кина остро ги демантираше овие обвинувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *