СНАОДЛИВИ ТЕРОРИСТИ, КОРОНАТА НЕ ИМ МОЖЕ НИШТО: Еве како „шопингуваат“ дрога, оружје и експозиви сред пандемија

1 јули, 20200
droga

Терористите се префрлија на on-line трговија со оружје, експлозив и дрога заради пандемијата „Ковид-19“, изјави првиот човек на анти-терористичкиот центар на Комонвелтот на независни држави (ЦНД), Андреј Новиков.

Тој истакна дека практично во раните фази на пандемијата, сите разузнавачки служби на ЦНД забележале одредена конфузија меѓу терористичките организации во врска со нивната финансиска поддршка.

„Всушност, затворањето на границите и изолацијата на цели региони и градови ја нарушија логистиката на трговијата со дрога и луѓе, меѓународната трговија со оружје и експлозив“, рече Новиков.

Според него, разузнавачката служба внимателно го проучувале диверзифицирањето на финансирање на проекти и материјалната поддршка на меѓународните терористички организации и заклучи дека се забележува голема транзиција кон онлине форматот Интернет, рече првиот човек на Здружението за борба против тероризмот на ЦНД.

Тој додаде дека сега е можно да се прават плаќања само преку Интернет, додека вистинското физичко движење на дрога или оружје е ограничено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *