Со случаен лек се спасуваат од смрт! Корона вирусот има проблем со овој лек!

10 мај, 2020
вирус

Пациентите кои земале лекови за желудочни киселини, кога биле хоспитализирани заради инфекција од коронавирус имале два пати поголеми шанси да преживеат, покажала една необјавена студија во САД.

Нејасно е дали се работи за случајност или пациентите подобро реагирале на заразата заради фамотидинот, главната состојка во лековите против желудочна киселина.

Од 1356 пациенти опфатени во студијата, оние кои не земале лекови против киселини биле 332, или 22 проценти и тие починале или биле ставени на респираторна машина. Од 84 пациенти кои користеле фамотидин, само 10 проценти починале или биле ставени на респираторна машина и тие имале двојно помали шанси за смртен исход.

Доколку се докаже дека лекот против желудочни киселини навистина помага, тој ќе може да се користи без проблем бидејќи се работи за општ лек кој е достапен и евтин.

Во тек е клиничко испитување кое треба да покаже дали фамотидинот навистина може да ги спаси пациентите инфицирани со коронавирус.