Страшна смрт на овие две сестри.Поради грмотевици,падна дрво врз нив и тие починаа на лице место.

30 август, 2020
сестри

Две сестри на возраст од 3 и 14 години починаа денес кога паднало дрво врз нивниот шатор ,во камп во Тоскана, објави во неделата италијанската новинска агенција АНСА.

Девојчињата спиеле во шатор со трета сестра која поминала со модринки додека нивните родители не биле повредени во несреќата во кампот Верде Маре во Марина ди Маса.

Градот се наоѓа во крајбрежниот регион Версилија, на 120 километри северозападно од Фиренца.