Страшна вистина за една секта од која се згрозува секој (видео)

14 јуни, 20200
Страшна вистина за една секта од која се згрозува секој (видео)

Силувањето на роднини „не беше никаква тајна“ во неславнотo австралискo семејство Колт, во кое родителите наводно и кажале на седумнаесетгодишната тинејџерка „да ја држи устата затворена“ откако била нападната од нејзиниот чичко, се вели на почетокот на судењето во Сиднеј.

Осомничениот Френк Колт (псевдоним) одговара пред Окружниот суд во Сиднеј осум години откако беше откриено дека околу 40 члена на кланот живеат без електрична енергија, вода и тоалети на оддалечено рурално место во Нов Јужен Велс. 50-годишникот се изјасни дека не е виновен за силување на својата внука Петра на задното седиште на автомобил во февруари 2010 година, а на судењето рече дека двајцата, како и многу други членови на семејството, имаат ист татко.  – Се обидов да се одбранам, но тој не ме слушаше. Го удрив со тупаници, го повлеков за коса – рече Петра, исто така псевдоним.

Според „Дејли меил“, се претпоставува дека друг роднина сексуално ја злоставувала кога таа била уште дете. – Не беше тајна во семејството. Нејзините родители знаеја дека … И тие рекоа дека да го држи јазикот зад заби. – рече обвинителката Кетрин Џефриз.

На рочиштето се емитуваше снимка од 2018 година, во која се слуша Петра која кажува на полицијата дека таа, Френк и нејзината мајка го имаат истиот биолошки татко – Тим Колт, кој исто така е татко на единаесет деца на нејзината мајка и пет деца на нејзината тетка. Семејството се преселило неколку пати: тие живееле во Викторија, Јужна Австралија и Западна Австралија. Според обвинителката Кетрин Џефиз, тоа било „огромно семејство, кое живеело заедно на различни, прилично осамени локации, а обвинетиот не одел на училиште“.

По смртта на патријархот Тим ​​Колт во Западна Австралија во 2009 година, семејството живеело во село во Нов Јужен Велс 18 месеци. Таа ноќ во февруари 2010 година, Петра имала расправија со нејзината мајка и излегла на прошетка, кога поминал автомобилот на Френк. „Тој ме грабна од позади и ме турна во автомобилот“, опиша таа. Нападот траел 10-15 минути, а потоа тој ја исфрлил од автомобилот заедно со нејзините предмети и викал дека таа е „неблагодарна кучка и свиња“.

Денес, 27-годишната девојка вели дека ова е прв пат  таа да ги опише навредите што ги кажал. Во 2013 година, таа била во полиција во Викторија и рекла дека живеела во „секта“, но подоцна тоа го негирала пред инспекторите во Нов Јужен Велс. „Живеам во секта, никогаш не одев на училиште“, изјави таа пред полицијата во Свон Хил (Викторија). „Сите мои тетки, чичковци, братучеди спијат едни со други„ рекла таа тогаш, но подоцна во Оринџ (Нов Јужен Велс) изјавила дека не е „во јасна свест“ и дека е под влијание на „Оксиконтинот“.

  Во вторникот, сепак, таа изјави дека не се сеќава дека ја негирала оригиналната изјава за фактот дека Френк ја нападнал, пренесува „Дејли меил“. Во август 2018 година, три години откако избега од семејството, таа и соопштила на полицијата дека Френк ја силувал, пишува Дејли Меил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *