СТРАШНО: Американец лечен од Корона во болница, добил сметка за плаќање од милион долари!

14 јуни, 20200
bolen

Мајкл Флор бил примен во болница во Сиетл на 4 март, каде поминал 62 дена и едвај го преживеал корона вирусот и медицинските сестри биле во постојан контакт со неговото семејство затоа што тој бил во сериозна состојба.Пациентот закрепнал, а на 5 мај ја напуштил болницата со аплауз на медицинскиот персонал. Сепак, Флор „за малку ќе умрел по втор пат“ кога добил сметка од болницата со повеќе од 180 страници, во која се вели дека треба да плати еден милион и 122.500 долари за трошоците на лечењето.

На сметката детално е напишано што колку чини – 9.736 американски долари е цената на престојот за еден ден во единицата за интензивна нега, околу 400.000 американски долари е дневна дезинфекција на неговата соба за време на престојот во болница, 82.000 американски долари е цена за користење на респиратор, а 100 000 долари е цената за дополнителна нега кога беше во критична состојба.

Локалните медиуми пренесуваат дека Флор нема да мора да го вади паричникот од џебот, бидејќи има социјално осигурување како постара личност, а Конгресот усвои буџет од 100 милиони долари за да им помогне на болниците кои третираат пациенти со корона вирус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *