СУПЕР ВЕСТ: Јапонија почнува со вакцинирање во Јули :) Дали Бил Гејтс “го потопија” Јапонците

11 мај, 20200
вакцина

Клиничко тестирање на нова вакцина против коронавирус може да започне во Јапонија во јули, изјави јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Тој потсети дека истражувачите од универзитетите во Токио и Осака работат на пронаоѓање на вакцината.

„Клиничкото тестирање на вакцината, за што ја работат истражувачите од универзитетите во Токио и Осака и други универзитети, би можело да започне во јули“, рече Абе во обраќањето пред јапонскиот парламент.

Јапонската телевизија НХК на 5 мај објави дека јапонските власти ќе издвојат повеќе од 800 милиони долари за развој на нова вакцина, потсети ТАС.

На почетокот од овој месец, јапонските власти воведоа итни мерки за подрачјето на Токио и префектурите Канагава, Саитама, Чиба, Осака и Хјого, како и за островот Хоншу и префектурата Фукуока на островот Кјушу.

На 16ти април, Абе ја продолжи вонредната состојба на целата земја до 4ти мај, кога тој режим беше продолжен до 31ви мај.

Вкупниот број на заразени со вирусот корона во Јапонија надмина 16.500, вклучувајќи 271 лица во критична состојба, а починати се вкупно 646 лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi