Свештеник во Аргентина ја претвори црквата во бар: Библиите се носат на послужавник, зборот Божји е во „менито“

14 јуни, 20200
priest-36210381920-830x0

Протестирајќи против забраната за одржување верски служби, свештеник во Аргентина ја претвори црквата во бар.

Во црквата се поставени бар маси, а свештениците, обучени како келнери, носат Библии на послужавник.

– Вака се облековме, затоа што се чини дека ова е единствениот начин на кој можеме да го пренесеме Божјото Слово. Затоа, покрај телешкото, зборот Божји доаѓа на маса бр. 4 – рече свештеникот Даниел Катанео, обучен како келнер во евангелската црква Комунидад Редентор во градот Сан Лоренцо во Аргентина.

Катанео, како и многу други свештеници, верува дека тие биле дискриминирани бидејќи другите активности низ целата земја постепено се отвараат, а религиозните сè уште се под клуч.

– Сакаме да ни се даде законско право да му служиме на Бога – изјави Катанео пред локалните медиуми и праша зошто може да се отвараат барови и продавници, а да се дискриминираат црквите.

Иако корона вирусот продолжува брзо да се шири во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес и нејзините предградија, остатокот од земјата е без голем број заразени.

Во Аргентина биле заразени 28.764 лица, а 802 починале.

Вчера во Аргентина се регистрирани 1.400 нови случаи, од кои повеќето се во главниот град.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi