„5G мрежата ги поттикнува човечките клетки да создадат вирус“: Научно истражување што го крена светот на нозе!

28 јули, 20200
5g

Научниците ширум светот се шокирани од наведените тврдења во новото истражување

Истражувачите брзо ја негираа студијата тврдејќи дека мрежата 5G го зголемува ризикот од корона SARS-CoV-2 вирус.

Претходно овој месец, меѓународен тим на научници објави извештај во меѓународната база на податоци „PubMed“, во кој се тврди дека мобилната мрежа 5G успеала да ги поттикне човечките клетки за да создаде вирус.

Тие тврдеа дека нашите клетки на кожата делуваат како антени и го апсорбираат сигналот што понатаму се испраќа до други клетки, кои потоа го произведуваат вирусот.

Ова би значело дека земјите со најголема дистрибуција на мрежата 5G, исто така, би имале најголем број пациенти, но, на пример, Соединетите држави, кои имаат најголем број случаи, немаат најголема дистрибуција на оваа мрежа.

5G мрежата во моментов е најзастапена во Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Швајцарија, Кувајт, Австралија, Шпанија и Велика Британија.

Оригиналниот напис го објавија истражувачи од универзитетот Гуглиелмо Маркони во Италија, Централниот универзитет Мичиген во САД и државниот медицински факултет во Москва.

Во првата реченица, тие изјавуваат дека милиметарските бранови на 5G мрежата се апсорбираат од дерматолошките клетки, кои играат голема улога во креирањето на корона вирусот во организмот.

Како и да е, членовите на научната заедница брзо станаа сомнителни и увидоа дека за да докажување се користеле  несоодветни методи што немаат никаква врска со реалниот живот.

Д-р Елизабет Бик, поранешен истражувач на универзитетот Стенфорд, која сега работи на идентификување на грешки и манипулации во научните трудови, беше една од првите што го отфрли овој научен труд.

– Јас буквално се вознемирив кога го прочитав ова – напиша таа на својот блог и укажа на дијаграмот што го вклучуваат истражувачите.

– Имајте на ум дека тука се вели дека 5G брановите водат кон производство на Ковид-19. Очигледно тие ја мешаат болеста со вирусот. Клетките не можат да создадат вирус. Ги повикувам сите да ја отфрлат оваа студија – истакна таа.

Ејмс Хедер, истражувач од Северозападниот универзитет во Бостон, вели дека „не видел ништо поглупаво“.

Иако студијата е повлечена, Питер Град од Медиакспрес вели дека објавувањето на студијатата има далекусежни импликации.- Ваквите страници даваат сомнеж на легитимното истражување и утврдени факти и шират малициозни лажни вести за наука и здравје, создавајќи непотребен страв и сомнеж. Луѓето веќе нема да можат да прават разлика помеѓу пропагандата и правата на истражувањето – посочи тој.

Пред неколку дена, ПубМед објави дека студијата е повлечена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi