Аеродромот во Рим е првиот што воведе „паметни кациги“ против ширење на корона: Вработените со термоскенери ја мерат температурата на патниците

6 мај, 20200
Аеродромот во Рим е првиот што воведе „паметни кациги“ против ширење на корона: Вработените со термоскенери ја мерат температурата на патниците

Aeродромот во Рим Фиумичино е првиот во Европа што воведе „паметни кациги“ за мерење на температурата за да се спречи ширење на корона вирусот.

Станува збор за преносни мерачи на температура или термички скенери во облик на шлем што им овозможуваат на вработените во аеродромот да ја мерат телесната температура на патниците на терминалите на безбедно растојание до седум метри.

Во случај уредот да определи температура над 37,5, ќе следи медицински преглед.

Тоа е дел од активностите според планот на аеродромот „Фиумичино“ за нормализирање на воздушниот сообраќај што е можно поскоро, со максимална здравствена безбедност на патниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *