AirBnb во борба против короната: Бесплатно сместување за сите медицински работници

10 април, 20200
airbnb-2

Одлични вести доаѓаат од AirBnb.

Компанијата „AirBnb“ покренува нова глобална иницијатива за да им помогне на здравствените работници и лекарите кои се на првите редови за одбраната против корона вирусот, обезбедувајќи им бесплатно сместување, пренесува Independent.

Популарната платформа за резервации на смештаи за престој на airbnb, вели дека нивната цел е да примат 100,000 работници ширум светот, обезбедувајќи им безбедно место за престој додека се борат со пандемијата „Ковид-19“.

Airbnb издаде покана до домаќините да ги нудат своите домови бесплатно на лекарите, медицинските сестри, старателите и други медицински лица.

AirBnb соработува со француската влада и ја дизајнираше оваа програма за да им помогне на здравствените работници во итни случаи.

Во Франција, која моментно се бори со 22.500 активни случаи, скоро 4.000 домаќини се согласија да волонтираат и да им ги нудат своите домови на здравствените работници.

Тимот кој стои зад оваа глобална компанија се надева дека со проширување на програмата во други земји, оваа платформа ќе може да понуди 100.000 легла.

Основачот на „Airbnb“, Џо Габи, објави дека реакциите на оваа програма се одлични и домаќините едвај чекаат да помогнат.

– Разговаравме со домаќините ширум светот кои сакаат да обезбедат удобен дом за нашите херои. Ние ги поврзуваме нашите непрофитни партнери, владини агенции и други со нашата неверојатна заедница домаќин да работат заедно во овие тешки времиња. Домаќините се бара да ги следат новите упатства за хигиена – рече тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *