Ако преовладуваат ваквите временски услови, дури и оддалеченоста од 2 метри нема да ни помогне!

21 мај, 20200
vero

Дури и лесно ветре може да ја забрза циркулацијата на вирусот во воздухот.

Од почетокот на пандемијата на корона вирус, на сите ни беше кажано да одржуваме социјална дистанца со тоа што ќе стоиме или седиме на два метри од другите.

Сепак, новите истражувања спроведени од „Дејли меил“ укажуваат на тоа дека ова растојание можеби не е доволно безбедно за да се спречи пренесување на коронавирус за време на лесни ветрови.

Истражувачите откриле дека дури и со слаб проток на ветрот низ воздухот, заразените капки можат да патуваат до 5,5 m за само пет секунди.

Тим од Универзитетот во Никозија на Кипар вели дека сознанијата покажуваат дека упатствата за безбедно растојание во некои услови нема да нè спречат да го фатиме вирусот.

Во студијата објавена во списанието „Физика на флуидот“, тимот испитува како инфицираат капки патуваат низ воздухот.

Тие направиле компјутерска симулација која анализирала како секоја капка се движи низ воздухот откако некое лице кива или кашла.

Од една кашлица се произведуваат приближно 3.000 капки, а од кивање дури и околу 40 000, а многу од нив се распрснуваат во различни насоки.

Многу фактори влијаат на тоа како капките патуваат низ воздухот, вклучувајќи ја нивната големина и број, влажност и проток.

Резултатите покажаа дека дури и со најмал ветер, капките може да надминат 5,5 m за пет секунди.

За идно истражување, тимот планира да испита како другите работи влијаат на патувањето на капките низ воздухот, како што се температурата и климатизацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *