“Apple” со ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ до пљачкашите: ВЕ ПРАТИМЕ!

6 јуни, 20200
apple

Компанијата Apple ги предупреди ограбувачите на нивните продавници, за време на нередите во САД, кои украле телефони дека по електронски пат тие ги пратат своите телефони и затоа мора да бидат вратени.

Според CNN, Apple ги онеспособува телефоните кои биле украдени од нивните продавници и со тоа ги прави неупотребливи, а фотографиите на кои може да се види пораката на компанијата наменета за ограбувачите се појавила на социјалните мрежи оваа недела.

Apple продавниците во САД неодамна повторно ги отворија вратите после неколку месечна пауза поради пандемијата со корона ворусот, но продажните салони во повеќе градови, како Њу Јорк, Филаделфија и Вашингтон, се најдоа на мета на вандали и ограбувачи за време на немирите предизвикани од убиството на Џорџ Флојд.

Освен тоа што украдените телефони се онеспособени и се пратат, ограбувачите во пораката добиле и информации во која продавница да ги вратат истите и дека за тоа ќе бидат информирани локалните власти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *