БРИТАНИЈА ВЛЕЗЕ ВО ИСТОРИЈАТА: Кралицата на видео конференција за прв пат (ВИДЕО)

11 јуни, 20200
kralica 2

Британската кралица Елизабета Втора (94) учествуваше на нејзината прва јавна видео конференција, разговарајќи со четворица старатели кои се грижат за други лица за време на пандемија.

Бакингемската палата денес објави дека во тој видео разговор, спроведен пред една недела, на 4 јуни, кралицата „повторно покажала дека вешто ја користи нова татехнологија“.

Кралицата веќе три месеци е во изолација во замокот Виндзор со нејзиниот сопруг принцот Филип (99).

Причината за видео конференцијата беше британската „Недела на негуватели“. Се проценува дека седум милиони луѓе низ Велика Британија се грижат за член на семејство или за пријател – бесплатно. Повеќето немаат претходно искуство, но го прават тоа од желба да помогнат.

На кралицата на таа видео конференција ѝ се придружила и нејзината ќерка, принцезата Ана (69), која е претседател на „Carers Trust“, здружение на негователи.

Другите членови на кралското семејство, вклучувајќи го и наследникот на престолот, принцот Чарлс (71) и неговиот син принцот Вилијам (37), учествуваа на многу видео конференции во последните неколку месеци поради пандемијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *