Дали корона вирусот претставува крај за астрологијата според New York Times

12 мај, 20200
584311_profimedia0423761928_ff

Меѓу многуте празноверија кои одамна владеат низ светот и покрај брзиот развој на науката и сите добра кои таа ни ги носи, посебно место завзема астрологијата- според која планетите и ѕвездите влијаат на нашата судбина.

Милиони луѓе низ целиот свет секојдневно се жртви на ова верување, кое „астролозите“ го користат за своја финансиска придобивка.

Ако нешто добро произлезе од корона пандемијата тоа е што науката на голема врата се врати преку медиумите. Наместо јасновидците и слични на нив, на порталите и на ТВ екраните почесто гледаме доктори и научници, луѓе кои навистина поседуваат некакво познавање од ова поле.

Хелји Фелан од New York Times напиша текст кој привлече големо внимание во САД под наслов „Дали короноа вирусот ќе ја уништи астрологијата“ кој ви го пренесуваме во целост:

„Сузан Милер е „астролог со репутација“ ако некогаш некој можел да се нарече така. Поради тоа нејзината изјава дадена во јануари за ТВ каналот CBS New York дека 2020 година ќе биде одлична година и година со голем напредок поголем број на луѓе ја прифатија со голема доза на доверба.

Луѓето веруваа во нејзиното предвидување дека оваа година родените во хороскопскиот знак на јарец ќе бидат миленици на ѕвездите, дека раковите најверојатно ќе се венчаат, дека вагите ќе имаат можност за финансиска заработка преку недвижностите и дека биковите ги очекува година исполнета со голем број патувања.

Но потоа следеше разочарување и гнев кај луѓето бидејќи работите не се оствариле онака како што според неа ѕвездите го предвиделе.

  • Се сеќавам дека пред месед дена размислував за тоа дали некој го „отпуштил“ својот астролог? – рекла Дивја Бабар која се претплатила минатат година на апликацијата на Сузан Милер. Бибар ја очекувала и се радувала на година со голем профит според она што и предвидела Милер.

Издвојуваме и дел од коментарите на постовите на Милер на Youtube:

  • Сузан ти убаво пишуваш но изгледа имаш заборавено на корона вирусот и на факторот дека многу луѓе ги изгубија своите работни позиции – напишал еден корисник, додека пак друг додал:
  • Зошто не го предвиде ова Сузан? Големо случување е за да не го предвидиш.

Многу астролози и оние кои веруваат во нив сметаат дека на секојдневните случувања влијаат поместувањата од позициите на небесните тела односно ѕвездите и сонцето. Сепак науката не се согласува со тоа. Многу психолози се согласуваат со фактот дека астрологијата се базира пред се на човековата тенденција да истражува, да се сеќава и да фаворизира информации кои веќе го потврдуваат она во што веруваме.

Астролозите, според оние кои ги потценуваат, ги пишуваат хороскопите и наталните карти на општ и генерализиран начин да во нив секој може да пронајде нешто што се однесува на него лично особено ако и тоа го бара. Но со доаѓањето на март 2020, а со тоа и на глобалната пандемија, астрологијата се најде на голем удар. Но не само астрологијата туку и верувањето дека секој настан е со причина (пред се сите моментално сме изложени на заедничка опасност и не е потребно јасновидец за да сфатиме дека поголем дел од периодов ќе го поминуваме дома).

Така да нормално е да луѓето почнат да се сомневаат во астрологијата но и покрај тоа хороскопите се попопурални повеќе од било кога поради прашањата како „колку долго ќе трае ова?“, „дали работите ќе се вратат во нормала?“, „дали може да им веруваме на луѓето кои не водат?“ со што се појавија и други прашања како „дали е Меркур ретрограден?“, „кога последен пат Сатурн и Плутон биле поврзани ?“ (како на пример во јануари)

Според податоците до кои дошла Луси Грин, инаку аналитичарка на култни трендови, на порталите Dazed и Rafinery29 забележан е аналитички раст на текстови поврзани со хороскоп. Dazed Beauty овој квартал има пријавено пораст од 22 % на вести поврзани со хороскоп во однос на минатиот. Една од вестите на порталот Resfinity29 со наслов „Вагите ги очекува одличен месец во поглед на односот со партнерот“ била најчитана статија на истиот за тој месец.

Comscore, компанија која се занимава со аналитичко испитување на медиумите, покажала дека интернет сообраќајот кон веб страниците поврзани со астрологија како на пример Astro, CafeAstrology и веб страната на Сузан Милер, AstrologyZone, е зголемен во месец март во однос на фебруари.

  • Астрологијата е категорија која секогаш имала голем број на посетеност, на сите наши сајтови – рекла Ема Розенблум која е главна уредничка во Bustle Digital Group и чие задолжение е да ги најдгледува и да развива стратегија за подобрување на веб сајтовите Bustle, Elite Daily, Romper, NYLON и The Zoe Report. Наместо кон религијата и спиритуалноста како наши традиции мислам дека некои луѓе особено во овие тешки времиња на несигурност се повеќе се определуваат за хороскопи.

Некогаш хороскопите биле воглавно аполитички; ветувале патувања, унапредувања и секако наоѓање на „сродна душа“ и биле пополнување на време додека да се стигне на работа. Во нив немало информации за глобалната економија, општествените нееднаквости и други фактори кои без сомнение влијаеле на судбината на личноста. Но во последните неколку години, тие се повеќе содржат политички и социјали елементи. Во суштина хороскопите полека полека стануваат меинстрим.

Чаки Николас кои некои ја нарекуваат астролог на социјалната правда успеа да привлече голем број на следбенци со своите осмислени, социјални астролошки уверувања, кои често се бават со менталното здравје, личниот идентитет како и прогресивна политика.

Николас рекла дека дека знеле дека 2020 ќе биде тешка година но дека тоа не го дознала само од ѕвездите – Оваа е изборна година – рекла таа – а изборите се секогаш тешки. На ова предвидување ја додала и престојната рецесија како и нејзините астролошки проценки според која Николс била сигурна во своето предвидување .

  • Според неа – Астрологијата треба да ни помогне во моментов кога оваа пандемија е многу поголема од она што можеше да се предвиди иако знаевме дека оваа година ќе биде полна со предвизици. Но поентата е сега што да се направи во иднина. Во моментов сме свртени едни кон други а не кон ѕвездите и планетите.

Стеф Којфман, поранешен новинар кој е основач The Daily Hunch, веб страна која нуди дневен персонализиран хороскоп, се согласува дека астрономијата може да биде потребната алатка која ќе им помогне на луѓето со несигурноста и секојдневната фрустрација како и стравот кои ги донесе пандемијата.

  • Мислам дека астрологијата може да понуди утеха бидејќи има начин да ги разоткрие архетипските шаблони, и да им дозволи на луѓето со зборови да го опишат она што го чувствуваат како кон свој близок – навел Којфман во едно свое обраќање. Исто така тоа е начин личноста да може да се ориентира во времето и просторот односно помага при приоѓање на работите од страна.

Набрзо после разочарувачките критики за нејзините неточни предвидувања, следбениците на Сузан Милер повторно се свртеа кон неа но овој пат со желба да дознаат што она мисли за крајот на пандемијата.

  • Тој ден бев нерасположена и стварно треба да и се извинам – изјавила Мелани Сјед – Исмаил која е автор на еден од коментарите на Instagram во кој ја критикува Милер. – Бев намќор во ситуација кога не требаше. Но откако го прочитала специјалниот извештај во врска со короната напишан од страна на Милер, кој е објавен во средината на март, Сјед – Исмаил рекла дека нејзината вера кон Милер е обновена.

Во истиот тој извештај виновникот за пандемијата е „планетата Плутон. Мала но моќна планета која има влијание за големи финансиски проблеми, луѓето и вирусите“. Тоа е причината зашто во некои земји ситуацијата е потешка отколку во други. „На чело на Италија се Близнаци, а во јуни граѓаните слават обединување на Италија. Близнаците владеат со белите дробови и затоа Италија е толку тешко погодена: бидејќи овој вирус ги напаѓа белите дробови“.

Во однос на САД Милер предвидела дека вирусот ќе дивее во март, април, мај и дека за време на летните месеци ќе се минимализира за да во есен повторно ескалира се до средината на декември.

Смешно или не, ова е токму она што водечките научници и лекари веќе го предвидоа за развојот на вирусот. Така да можеби Милер, како и многу астролози од новата генерација, не погледнуваат кон ѕвездите за совет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *