Дали ви е преку глава од новите регулативи за летување? Пред 130 години на плажите владееја ОВИЕ правила (ФОТО)

4 јуни, 20200
лето

Истите кодекси на однесување не постоеја, а причините беа поспецифични

Сезоната за пливање во Европа започна вчера, исто така се отворија и многуте базени.

Бидејќи времето низ цела Европа е променливо, а владее и стравот од епидемијата на коронавирус (да не зборуваме за социјалната оддалеченост), жителите на нашиот континент сè уште се многу резервирани при споменување на капењето.

А одењето на базен или плажа е незамисливо без сончање и пливање, нели?

Па, може! Пред 130 години тоа не ни постоеше!.

Ерата на јавно пливање во базени и плажи започна кон крајот на 19 век, прво во Велика Британија и Франција, а потоа и во остатокот од Европа.

Луѓето знаеја дека сончањето може да ја подмлади кожата и да го освежи нивниот тен, а пливањето само колку е здраво…

Првите летни одморалишта беа отворени во близина на Јорк. Прво, се појавија уметници кои одеа покрај вода со своите музи, во потрага по нови инспирации.

Прошетките наскоро беа прифатени и од други жители. Така, изразот „ајде да одиме на плажа“ значеше да одиме на прошетка на песок, со неколку чаши вино во корпи.

На почетокот на 20 век, прошетките и дружењето се „засилија“ со појавата на социјални игри на плажите. Луѓето доаѓаа да забораваат на секојдневните грижи, па играат со топки по цел ден, читаа книги, пееја песни…

Сепак не било дожволено да се соблечат во костумите за капење или да се искапат. Можеби само нозе до колена за време на прошетка. Потоа, во Англија, некои похрабри помлади луѓе почнале да влегуваат во вода и да пливаат во плиткото. Имало строги кодекси на однесување во јавноста, а со тоа и на плажите. ТОние кои ги прекршувале, биле казнети.

За неколку месеци, Велика Британија беше зафатена од вистинска манија на јавно капење, па трендот наскоро го прифатија Французите, а потоа и од Шпанците и Италијанците.

После Првата светска војна, престојот во базени и плажи веќе изгледаше скоро идентично како денес, освен тоа што никој не беше оптоварен со става,раст, тежина или изгледот на коските.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi