Директор на авио-компанија го шокираше светот: заборавете на патување со авион!

24 април, 2020
летање

Меѓународниот авио- сообраќај ќе биде повторно воспоставен дури во 2021 година, изјавил сопственикот и генерален директор на авио-компанијата “S7 Grup”, Владислав Филејев.

– Заради мерката за самоизолација ќе се разболат мал број на луѓе. Тоа значи дека нема да развиеме колективен имунитет, што подразбира нов бран на епидемијата- изјавил тој.

Според Филејев, по вториот бран на Ковид-19 летовите ќе бидат повторно суспендирани. Имајќи го тоа на ум, меѓународниот авио-сообраќај ќе започне да се воспоставува дури за една година, заклучил тој.