Дивеел на Менхетен во Gemballa, се скршил и пробал да побегне!

9 април, 20200
порше

Среќа во несреќа е што поради пандемијата со коронавирусот улиците на Њујорк се празни, па е избегната поголема несреќа.

А приказната е следна. Еден болид на Порше турирајќи, со брзина на светлината се појавува на 11тата авенија, а откако возачот изгубил контрола над возилото, се забил во друго паркирано возило.
Иако автомобилот бил многу оштетен, возачот одлучил да продолжи да вози. Стотина метри подолу, откако изгубил неколку делови од автомобилот, се забил во уште три паркирани возила и застанал. Набрзо стигнала полицијата и го фатила возачот.

Се работи за 33 годишниот Бенџамин Чен, кој е уапсен заради невнимателно возење и возење под дејство на опијати.

Да потсетиме, се работи за уникат вреден за внимание. Се мисли на автомобилот, не на возачот. Се работи за Gemballa Mirage GT, тунирана верзија на Porsche Carrera GT. Ја движат 5.7 V10 со околу 670 KS и 630 Nm. 100 km/h има за 3,7 секунди, а максималната брзина е 335 km/h. Од овој модел има произведено само 25 примероци

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi