Добра вест! Кучето кое не можеше ниту да стане од изнемоштеност, доживеа неверојатна промена ?

8 април, 2020
spaseno-kuce

Оваа мила и изнемоштена уличка кучка била пронајдена на улица. Таа била во толку лоша физичка состојба што веќе не ни можела да застане на нозе. Целото крзно и било паднато, а иритираната кожа и била прикриена со рани и инфекции. Волонтерите на индиското здружение „Помош за животни неограничено“ ја зеле со себе и веднаш и било пружено ветеринарна помош, вода, храна …

За среќа кучката полека но сигурно се опоравувала, а нејзиниот надворешен изглед почнал да се менува сè повеќе. Биле потребни неколку месеци за да се опорави скроз, но сите напори за да се спаси животот на ова прекрасно животинче на крајот се исплателе. ?

Погледнете како изгледа таа по неколку месеци во нивното засолниште: