Доктори се венчале во болница среде пандемија од коронавирус!

16 април, 20200
svadba

Пар од двајца доктори го одбележале денот на кој требало да прават венчавка, со импровизирана церемонија во болницата кадешто и двајцата работат.

Доктор Шелун Цаи и Доктор Мајкл Сан имале закажано венчавка во саботата, на 11 април во Северна Каролина.

Кога парот, кој се свршил во 2016 година требало да ја одложи свадбата, нивните колеги од болницата се нафатиле да направат нешто со што сепак овој ден ке им биде посебен.

“Колегите знаеја дека венчавката ќе се одложи, но не знаеја за кој ден станува збор, се додека не кажав на работа дека тоа е 11 април”, изјавила Цаи. “Започна скромно, потоа сакаа да ми направат венчаница, потоа и вел, па цвеќиња и сите почнаа да се радуваат и скокаат”

“Тие буквално започнаа во 8 часот и помеѓу обврските околу пациентите, успеаја да ги завршат сите работи, па така, церемонијата започна во 15 часот”, кажала Цаи за своите колеги.

Пред Цаи да зачекори на “патеката”, колегите и наместиле посебна соба за да ја облече венчаницата направена од тоалетна хартија, а потоа бил организиран и моментот на “прво гледање” со Сан.

Медицинска сестра од гинеколошко-акушерското одделение ја “официјализирала” 15 минутната венчавка во гинеколошкото одделение.

Церемонијата ја следеле на Zoom пријателите и семејствата на Цаи и Сан. На крајот од венчавката тие двајца заминале во болничка количка на која пишувало “Штотуки венчани”

Инаку двојката ја презакажала својата официјална венчавка за во октомври.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi