Двајца кинези по најтешките симптоми на корона вирусот станале целосно црни. Како е можно ова?

21 април, 20200
korona

Бојата на нивната кожа целосно се променила

Двајца кинески лекари, кои биле во критична состојба по инфекција со коронарна вирус, откако биле тргнати од посебен вид на респиратори забележале промена во бојата на нивната кожа – нивната кожа била многу потемна од вообичаено.

Д-р Jи Фан и д-р Ху Вифенг, двајцата по 42 години, се заразиле со вирусот откако лекувале пациенти во Главната болница во Вухан уште во јануари.

Поради тешката клиничка слика, двајцата морале да бидат приклучени на респиратори, и како резултат на тоа нивната кожа целосно ја променила бојата.

Се прашувате како е тоа можно?

Ова се случило благодарение на хормоналната нерамнотежа што предизвикала оштетување на црниот дроб како резултат на инфекција од коронарна вирус, јавуваат кинеските медиуми.

И двајцата биле приклучени на ECMO машина која е посилна од респиратор, затоа што покрај функцијата на белите дробови, таа ја превзема и срцевата функција со пумпање кислород во крвта.

Д-р Jи поминал 39 дена на оваа машина, а неговиот колега, уролог дури 99 дена!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *