Џоковиќ се распадна кога зборуваше за Коби (ВИДЕО)

28 јануари, 20200
Novak-Djokovic-place

Новак по победата зборуваше и за проблемот со леќите, како и за претстојниот натпревар против Федерер. Очите му се насолзија кога зборуваше за Коби Брајант…

Новак Џоковиќ, во четвртфиналето на Австралија опен, потврди дека е во одлична форма, победувајќи го незгодниот Милош Раониќ во три сета.

Иако во неколку наврати во текот на натпреварот тој покажуваше емоции по некои лоши потези, по мечот тој покажа вистински емоции – плачеше во моментот кога зборуваше за Коби Брајант.

Причината за ова беше прашањето на Џон Мек Енро во интервјуто за смртта на легендарниот кошаркар.

„Не знам што да кажам во овој момент. Страшно изненадување. Тој е еден од најголемите спортисти на сите времиња кој ме инспирираше мене и многу други луѓе во светот“, рече Новак со очигледно „кнедло“ во грлото и потоа продолжи.

“Имав среќа што имав одлична врска со него низ годините. И кога ми требаше совет, тој секогаш беше тука за мене. Тој беше мојот ментор и пријател. Тоа е срцепарателно што се случи со него и неговата ќерка”, застана српскиот тенисер во солзи во тој момент.

Целата арена на Род Лејвер им аплаудираше на овие зборови, а по мечот Новак остави стаклена плоча со натпис „К.Б. 8 24, Џиџи, ве сакам“ како јасна порака посветена на починатиот Коби Брајант и неговата ќерка Џиџи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi