Џорџ ве гледа од горе: Ова е важен ден за него

6 јуни, 20200
Annotation 2020-06-06 012645

Американскиот претседател Доналд Трамп, во петокот изјавил дека сите американски државјани заслужуваат да бидат еднакви пред законот и заклучил дека ова е „важен ден“ за Џорџ Флојд.

„ Нашиот Устав е темелник на оваа земја“ – рекол Трамп на првата конференција за новинари пред неколку дена.

САД се зафатени од големи протести против полициската бруталност по убиството на Флојд минатата недела, иако последниве неколку дена не се толку насилни.

„Еднаква правда според законот мора да значи дека секој Американец добива ист третман во секој контакт со полицијата независно од расата, бојата на кожата, родот или религија, полицијата мора праведно да ги третира“ – рекол тој.

„Сите видовме што се случи минатата недела и не смееме да дозволиме тоа да се случува“- изјавил Трамп и додал: „Се надеваме дека Џорџ сега не гледа од горе и вели дека сево ова што се случува во земјава е важно. Ова е важен ден за него. Ова е важен ден за сите. Ова е важен, важен ден кога станува збор за еднаквоста“.

Трамп ги повикал гувернерите на сојузните држави да ја ангажираат Националната гарда со цел да се спречат немирите.

Во петокот и Facebook објавија дека не пронашле докази за координирано надворешно влијание за протестите преку социјалните мрежи, откако државниот адвокат Вилијам Бар изјавил дека странските актери спроведуваат дезинформациска кампања, како што било во 2016 година за време на претседателските избори со руската кампања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *