Една последица што доживотно останува во телото на оној кој го преживува корона вирусот!

14 април, 20200
posledica

Новиот корона вирус е поопасен отколку што првично се мислеше. Откако научниците од Саутемптон неодамна откриле дека тој всушност се маскира во шеќери за да го измами имунолошкиот систем и да влезе во човечкото тело целосно незабележано, блокирајќи го имунолошкиот одговор на пациентот, експертите велат дека по корона вирусот никогаш повеќе нема да бидеме исти.

Вирусот, за кој е познато дека првенствено ги напаѓа белите дробови и во поголема или помала мера ги оштетува, има трајни ефекти врз здравјето на пациентот и бара промена во начинот на живот, а можеби и медицински надзор до крајот на животот.

„Откако некое лице се разболело останува правилото на следење на функцијата и структурата на белите дробови со задолжителна терапија за рехабилитација, медицински вежби за дишење, методи за позиционирање, промена на моделите на дишење, отпорност на дишење, итн. Лузни и промени коишто можат да останат во белите дробови може да влијаат на намалената респираторна подвижност на кислород преку белите дробови, па редовното вежбање треба да ја подобри и одржува белодробната функција. Престанокот на пушењето е задолжително“, предупреди проф. д-р. Асја Штипиќ Марковиќ, специјалист за внатрешна пулмологија, алерголог и клинички имунолог од Специјалната болница за белодробни заболувања во Хрватска.

Важно е после болеста да се вежба редовно и да се воведат здрави навики на живот со прилагодена исхрана, мирен психички живот и почест престој во природа, со цел да се зајакне имунитетот на организмот.

„По инфекцијата се стекнува специфичен имунитет за одбрана од овој вирус, но лузните што се развиле во белите дробови остануваат доживотно. Тие можат да бидат место на заболување за други респираторни инфекции ако има области на белите дробови со лоша вентилација или задржување на секретите”, заклучи професорката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *