Еве како изгледа заздравувањето од коронавирус и колку всушност трае

14 април, 20200
korona

” Деновиве откако сум хоспитализирана заради коронавирусот, сандачето на електронската пошта ми е преплавено со едно исто прашање: дали сега ти е подобро?

Сè уште не знам што да одговорам”, пишува новинарката Фиона Ловенстајн за New York Times.

” Иако поддршката од пријателите, семејството, колегите и многу незнајници ме прават среќна, тешко е да се помирам со задоволството од моето закрепнување сè додека некои симптоми уште ме мачат, како и можниот начин на зараза, и мислите околу тоа дали може мојата состојба нагло да се влоши како кај некои.

Позитивна дијагноза добив на 17 март, па не знаев што можам да очекувам. Многу работи околку овој вирус не ни се познати, а некои од симптомите кои ги имав, како што се проблемите со варње и губиток на мирис, дури сега се идентификуваат како симптоми. Сè уште не знаеме за долгорочните влијанија врз здравјето, имунитетот, колку долго заразените пациенти остануваат заразни, или како изгледа заздравувањето.

Кога се вратив за прв пат дома од болница, се чувствував како да сум сама во процесот на заздравување. Ми требаа информации и сакав да се поврзам со други кои го делат моето искуство, па направив интернет група за поддршка.”

Луѓе од целиот свет се придружија во групата и ги споделиле своите искуства.

Сами Алвес, инаку здрава 31 годишна жена кажала дека 21 ден нејзиното дишење и состојба и биле добри т.е.можела да издржи сама, а потоа побарала лекарска помош. И дека сè уште искашлува крв од напрегнатоста при кашлање, а температурата и се вратила откако претходно и исчезнала. Друг член го опишал неговиот случај како “релативно благ”, но дека и по 23 дена од болеста, тој сè уште има температура, кашлица и недостаток на воздух. Друга девојка кажува дека се бори со голем замор и проблеми со дишење кои и го отежнуваат одењето, дури и после еден месец од првите симптоми. Човек по име Џег уште се бори со упорната кашлица и по четири недели од почетните симптоми.

Фиона кажува дека се поминати четири недели откако се разболела и три недели откако е отпуштена од болница. “Додека мојата грозница и краток здив не исчезнаа, мојот пат кон заздравување беше далеку од линеарен. Втората недела од болеста ми донесе влошени дигестивни проблеми, губиток на мирисот и интензивен притисок во синусите. Во тоа време чувствував голем замор, силни главоболки, проблеми со фокусирање и губење на меморијата. Иако целокупната состојба ми е подобрена, добрите денови често се проследени и со лоши, а јас сум уште далеку од својот вообичаен и активен живот. СЗО вели дека закрепнуцањето кај оние со благи симптоми може да трае две недели, а кај оние со потешки симптоми тоа може да трае и до шест недели. Но навистина е тешко да се направи разлика меѓу благи и тешки случаи и многу од нас подолго време ги чувствуваат симптомите. Некои од излекуваните веќе се назад на работа. Но речиси сите имаат проблеми со менталното здравје како анксиозност, напади на паника и депресија, додека размислуваат што следно ќе им се случи во текот на болеста. Исто така, тие се уште чувствуват телесни симптоми како мене и се будат навечер, а често имаат и кошмари. ”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi