Европа на нозе: Протести во повеќе земји против рестриктивните мерки (ВИДЕО)

17 мај, 20200
протест

Протести против рестриктивните мерки поради вирусот корона се одржаа денес во повеќе европски градови, а повеќето демонстранти беа во Германија, во Полска полицијата употреби солзавец, додека неколку демонстранти беа уапсени во Лондон.

Во Германија, демонстрантите протестираа главно против рестриктивните мерки воведени поради епидемијата на корона вирусот, но протести одржаа и таканаречените теоретичари на заговор, противници за вакцинирање, екстремни левичари, ултрадесничари и имало собири кои немаат никаква врска со ограничувањата.

Втор викенд по ред, илјадници луѓе се собраа да протестираат во неколку германски градови против рестриктивните мерки поради вирусот корона.

Демонстрациите се одржуваат во Штутгарт, Минхен, Берлин, Франкфурт и на други места.

Според организаторот Мајкл Балвег, во Штутгарт се очекуваат 500.000 луѓе. Поради ризикот од ширење на инфекцијата, дозволено е да учествуваат 5000 луѓе, пренесува „Билд“. Од демонстрантите се бара да почитуваат растојание од 1,5 метри.

Патем, во Штутгарт синоќа, непознати лица запалиле три камиони со опрема за денешните протести, а штетата е проценета на 200.000 евра.

Минатонеделните протести беа полни со инциденти, при што полицијата уапси околу 30 лица во Берлин затоа што тие не одржуваа социјална дистанца, ниту пак носеа маски и ракавици за време на протестот во близина на зградата на Рајхстаг.

Во еден момент, полицијата исто така користела спреј за да ги растера луѓето.

Во Варшава се одржа протест на работодавците против рестриктивните мерки.

Полицијата уапси десетици луѓе, вклучително и опозицискиот сенатор, и употреби солзавец против демонстрантите.

Протестот не бил дозволен, пренесува АП.

Протест против карантинот и вакцинацијата се одржа и во Хајд Парк во Лондон.

Демонстрантите имаа пароли со натписот „Слобода“. Некои седеа на тревата и имаа пикник со што не ги почитувааа мерките за дистанца, додека други се собраа во групи. Полицијата уапси 13 лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi