ФАНОВИТЕ ЈА ОСУДИЈА ДЕКА НЕМА МОЗОК: Кендал Џенер на столбот на срамот по смртта на Коби Брајант!

30 јануари, 20200
282887_profimedia0486806650_ff

Ѕвездата и моделот, Кендал Џенер ги налути фановите со својата најнова објава на социјалната мрежа Инстаграм.

Кендал сподели видео од себе си во бањата како се протегнува и ја покажува нејзината витка фигура. Сепак, она што таа го напиша во описот на видеото, наведе многумина да ја навредуваат во коментарите без причина! Манекенката кратко напиша – распон на крилјата – но овие зборови многумина ги поврзаа со хеликоптерската несреќа во која загина Коби Брајант.

View this post on Instagram

wingspan

A post shared by Kendall (@kendalljenner) on

Фановите сметаа дека хеликоптерот е токму она што ја инспирираше, па ја обвинија дека е целосно бесчувствителна.

Леле, знаев дека Кардашијанс се глупави, но ова е навистина премногу, хеликоптер? Дали сте сериозни? Треба да се исклучи вашиот профил на Инстаграм – се само дел од коментарите на фановите.

Другите застанаа во нејзина одбрана:

Хеликоптерот нема крилја, Смирете се, ова нема никаква врска со Коби…

Кендал веројатно ќе размисли добро следниот пат кога ќе ја објави следната објава, бидејќи и целосно невино видео може да биде погрешно протолкувано.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *