ХАОС: Мислеле дека е умрена и ја закопале! Нина за среќа на време се разбудила.. лелее (ВИДЕО)

29 април, 2020
ХАОС: Мислеле дека е умрена и ја закопале! Нина за среќа на време се разбудила.. лелее (ВИДЕО)

Украинката Нина Рудченко (57) преживеала хорор кога во Полтава ја нападнале пијаните соседи, двајца браќа.

Мажи на возраст од 27 и 30 години влегле во нејзината куќа, ја тепале со бејзбол палка и ја мачеле додека не се онесвестила. Потоа ја влечеле до гробиштата, истуриле вода на лицето за да ја разбудат, ја присилиле да ја ископа дупка и и  рекле да легне внатре.

Потоа почнале да ја потрупуваат со земја, а таа се обидела да задржи малку  воздух со рацете.

„Тие се смееја и зборуваа дека ќе го убијат моето семејство. Кога завршија, ме прашаа дали сум мртва и заминаа“, рече Нина.

Таа се спасила, како што вели, затоа што гробот бил многу плиток, па успеала да излезе и да ползи до куќата каде веднаш изгубила свест.

Следното утро, сестрата Људмила Гура ја нашла на подот.

“Имаше крв и модринки по целото лице. Беше модра  и отечена. Едвај ја препознав”, се сеќава Људмила. Жртвата била веднаш пренесена во болница, а според сознанијата на хирургот Олександрм Климчук, имала скршеница на вилицата и носот, додека целото тело и било со модринки.

Осомничените за обидот за убиство се уапсени и е започната истрага. На сослушувањето, тие рекле дека биле под дејство на алкохол.

Ако бидат прогласени за виновни, браќата ќе добијат до 10 години затвор.