Исповед на 33 годишен жиголо: „Проституцијата отсекогаш беше добра опција во услови на криза… до овој момент“

18 април, 2020
prostitucija

Некои сексуални работници се претворија во порнографски актери и прават пари од дома со помош на веб-камери.

„Проституцијата отсекогаш беше добра опција во време на криза … до овој момент“, вели 33-годишниот жиголо Бруно, кој се плаши од смртоносниот корона вирус во време кога неговиот занает е поранлив од кога било.

Бруно, чие вистинско име не е откриено, е еден од околу еден милион сексуални работници во Соединетите држави и ја почитува социјалната изолација во последниот месец, што значи дека тој ги одбива „деловните понуди“.

И нив ги има малку, затоа што во неговата, како и во повеќето други услужни дејности, прометот падна нагло. Но, за разлика од повеќето невработени луѓе, Бруно не може да добие државни придобивки.

Бидејќи неговите заштеди се намалуваат, тој размислува да се врати на работа и покрај ризиците. „Побарувачката се намали за околу 80 проценти, но сè уште има такви што ме контактираат“, рече тој.

Ризичен бизнис

Неговата работа во секој случај е ризична поради сексуално преносливите болести. „Ме воодушевува што, покрај кружењето на корона вирусот, има и такви кои се подготвени да преземат ризик“.

Тој не може да лесно донесе одлука да се врати на работа. „Како можам да знам дали некое лице се заштитувало соодветно од зарази?“.

„Неподготвеноста на нашата влада да ја признае сексуалната работа како некриминален начин на вработување значи дека многу од нив би можеле да завршат во голема финансиска неволја“, напиша проститутката од Њујорк, Моли Симонс, во написот во Хафингтон пост.

Ова може да ги охрабри сексуалните работници да прифаќаат клиенти кои не се сигурни, да ризикуваат да бидат нападнати или силувани, додаде таа.

Невладината организација Desert AIDS Project специјализирана за заштита од ХИВ, објави препораки на сексуалните работници за време на пандемијата.

„Кога преговарате за услуги, цени и поставувате правила, земете го превид и корона вирусот и соодветната заштита“, напишаа тие.

Работа од дома

Некои сексуални работници се претворија во порнографски актери и прават пари од дома со помош на веб-камери.

Бруно не го сака тоа, иако заработката е добра. Тој се плаши дека може да се открие неговиот идентитет.

„Јас не ги критикувам моите колеги, но не сакам да се залагам за тоа. Не сакам финансиските тешкотии да ме чинат откривање на приватноста“.