Кинезите градат спектакуларен стадион: Ќе чини 1,7 милијарди долари! Зградата ќе биде во форма на лотус и ќе собира 100.000 луѓе

20 април, 20200
naslovna

За Кинезите, корона вирусот очигледно е минато.

Една од важните работи што треба да го врати животот во нормала е спортот.

Продолжението на сите натпреварувања е закажано за јуни, вклучително и фудбалскиот шампионат.

Актуелниот шампион Гвангжу Евергранде дополнително ги израдува своите фанови со почеткот на изградбата на новиот стадион.

Најуспешниот клуб на Кина, со осум титули во последните девет сезони од 2022 година, ќе игра на најспектакуларниот стадион во светот.

Стадионот ќе биде изграден во форма на лотос цвет и ќе може да прими 100.000 луѓе. Неговата изградба ќе чини 1,7 милијарди долари.

Целта на инвеститорот е да го направи ова чудо впечатливо како Оперската куќа во Сиднеј или како Бурџ Калифа во Дубаи.

Ова исто така ќе значи дека лотосовиот стадион ќе го надмине капацитетот на  „Ноу Камп“ во Барселона. Култниот стадион на Каталонија има 99.534 места и во моментов е најголемиот фудбалски стадион во светот.

Тоа не е сè, Евергранде, сопственик на клубот, планира да изгради од три до пет нови стадиони низ Кина за оваа земја да може да биде домаќин на Светскиот куп.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi