Климатските промени нè прават (по)глупави ?!

13 јуни, 20200
1200x-1

Ако живеете на оваа планета, вие сте сведоци на климатските промени. Последиците за флората и фауната се непресметливи, а луѓето нема да останат „недопрени“. Колку има повеќе јаглерод диоксид во воздухот – толку помалку кислород, што треба да го дишеме правилно, од што зависи општата здравствена состојба (да не зборуваме за загадувањето што „влијае“ на респираторните заболувања).

Некои истражувачи откриле дека колку повеќе честички на јаглерод има во воздухот, толку полоши ќе бидат резултатите за учесниците во решавањето на задачите, донесувањето одлуки, стратегијата, користењето информации и соодветно одговарање на кризни ситуации. Една студија од универзитетот Харвард открила дека когнитивните способности се 21 процент полоши – кога луѓето вдишуваат воздух со 400 ppm (400 честички на милиони) јаглерод во него.

Луѓето се создадени да живеат на отворено, а денес, кога го поминуваме поголемиот дел од времето во затворено, во повеќе изолирани згради, вдишуваме уште повеќе загадувачи – според некои проценки, воздухот во просечна модерна зграда содржи дури 900 ppm јаглерод. Гореспоменатата студија од Харвард покажа дека луѓето кои работат во „зелени“ згради решиле 61 процент подобро, осум од девет когнитивни задачи – споредено со оние кои живеат во „обични“ згради. Исто така, беше откриено дека повисоки нивоа на јаглерод диоксид во училиштата се поврзани дури и со повеќе отсуства на учениците.

„Дизајнот на зелена зграда што ја оптимизира продуктивноста на вработените и употребата на енергија ќе бара усвојување на енергетски ефикасни системи и информирани оперативни практики, за да се максимизираат придобивките од здравјето на луѓето – притоа да се минимизира потрошувачката на енергија“, се вели во студијата. Објаснето е дека студијата првенствено се занимавала со затворено канцелариско опкружување каде што секојдневно работат повеќе луѓе (повисоки нивоа на јаглерод диоксид на работните места кои немаат соодветна вентилација доведуваат до тоа вработените да станат побавни и помалку способни успешно да ги завршуваат задачите), но потенцира дека овие изложености (на јаглерод) треба да бидат истражени во други затворени средини, „како домови, училишта и авиони, каде падот на когнитивната функција и способноста за донесување одлуки може да има значително влијание врз продуктивноста, учењето и безбедноста“.

На некој начин, ова би значело дека климатските промени би можеле да доведат до „затупување“ на луѓето. За време на човечката историја, атмосферата на Земјата содржеше меѓу 180 и 280 ppm јаглерод, во моментов сме на 400 ppm, а се очекува да достигне 1.000 ppm до крајот на векот. Значи – помалку и помалку кислород за нашите мозоци.

Слична студија беше спроведена на Универзитетот во Лондон и еве го заклучокот: „Со оглед на веројатноста за зголемување на концентрациите на СО2 во атмосферата до крајот на 21 век, директните влијанија на антропогените емисии на СО2 врз човековите когнитивни перформанси може да бидат неизбежни“. „Загадениот воздух може да доведе до намалување на нивото на образование за една година, што е огромен проблем“, рече истражувачот на Јеил, Ши Чен.

Светската банка објави дека ќе инвестира 200 милијарди долари во борбата против климатските промени. Ајде да видиме…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *