Кој ќе прележи коронавирус нема да смее да пуши? Еве какви последици може да остави Ковид-19

15 април, 20200
корона

Досегашните истражувања кои се занимавале со ефектите на коронавирусот врз здравјето на луѓето кажуваат дека инфекцијата може да остави фатални последици- од губење на слухот, до оштетување на срцето и белите дробови. Но, искуството кажува дека можат да се појават и други здравствени проблеми.

По пандемијата од шпански грип во 1918 година кога се разболеле половина милијарда луѓе, многумина кои преживеале имале некаква форма на депресија и се чувствувале летаргично. Луѓето исто така пријавувале и вртоглавици, несоница, губење на слухот и мирисот и замаглен вид. Одредени експерти сметаат дека пандемијата на Ковид-19 ќе доведе до развој на истите или слични болести.

– За време на епидемијата на САРС во 2003 година пријавени се многу психијатриски и невролошки компликации- неодамна предупредило друштвото на невролози во Италија.

Ковид-19 исто така може да доведе до други долгорочни проблеми. Шест од десет луѓе кои биле позитивни на коронавирус пријавиле губење на сетилото за мирис и вкус, а оваа состојба се вика аносмија.

Губењето може да биде привремено, но британските експерти истакнуваат дека во многу случаи може да биде трајно, а таа состојба се вика пост-вирусен-олфакторен-губиток (PVOL)

– PVOL може да се доживее и кај други респираторни инфекции како што е грипот. Но кај Ковид-19, извештаите укажуваат дека вирусот ги оштетува клетките на слузницата на носот која ги поддржува клетките на рецепторите. По заздравувањето од корона секое четврто лице ќе има упорна кашлица која може да трае и до 10 недели откако телото ќе се исчисти од вирусот. Може по прележаниот вирус да се појави воспаление на дишните патишта, иако почетната инфекција се смирила.

Постојат и многу загрижувачки извештаи дека инфекцијата Ковид-19 може да предизвика белодробна фиброза, создавање на лузни и оштетувања на белодробните крила. Некои од пациентите по излекувањето можно е да имаат и намалена функција на белите дробови, за околу 20 до 30 проценти, смета Др. Овен Зенг, шеф на центарот за заразни болести во болницата Принцес Маргарет.

Кардиоваскуларните експерти пак, се загрижени дека инфекцијата со Ковид-19 може да нанесе трајни оштетувања на срцето – дури и кај луѓето кои претходно немале срцеви проблеми.

Тоа може да доведе до миокардитис, воспаление на срцевиот мускул, а оштетувањата можат да бидат трајни. Лузнитие од коронавирусот можат да предизвикаат проблеми со срцевиот ритам.

Само минатиот месец во истражување на Универзитетот Вухан во кое учествувале 416 возрасни луца, се покажало дека еден од пет хоспитализирани пациенти со Ковид-19 има трајно оштетување на срцето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi