Концертот кој ги обедини најголемите музички ѕвезди од целиот свет!

21 април, 2020
селин

One World: Together At Home, глобалниот концерт кој ги обедини најголемите музички ѕвезди во осумчасовен концерт, беше емитуван во живо. Концертот беше во организација на Лејди Гага и добротворната организација Global Citizen.

Еве дел од музичките ѕвезди кои настапија:

Елтон Џон

Легендарниот музичар го отсвирел својот хит “I’m still standing” во градината на својата куќа.

Шерил Кроу

Американската рок ѕвезда отсвирела интимна песна на клавир, како и својот безвременски хит “Every Day is a Winding Road”.

Бијонсе со емотивен говор

Ѕвездата ја искористила приликата да се обрати кон сите афро-американци кои и припаѓаат на работната сила која ја нема таа привилегија да работи од дома.

“Вечерва ги славиме вистинските херои, оние кои се жртвуваат за ние да бидеме здрави и безбедни. Доктори, медицински техничари и сите останати медицински работници кои ги оставиле своите семејства за да се грижат за нашите, продолжуваме да се молиме за вашата сигурност.”

Селин Дион

Селин Дион, Андреа Бочели, Џон Леџенд, и Лејди Гага заеднички ја изведоа песната „The Prayer“.

Тејлор Свифт ја испеа “Soon You’ll Get Better”

Изведбата на песната”Soon You’ll Get Better”, од последниот албум на Тејлор Свифт била навистина емотивна. Песната е напишана за нејзината мајка кога дознала дека боледува од рак. Пејачката има изјавено дека оваа песна никогаш нема да ја изведува во живо бидејќи е преемотивна, но сепак се одлучила да ја испее токму оваа песна која носи силна порака.

Били Ајлиш

Братот и сестрата ја извеле”Sunny”, песната на Боби Хеб. По изведбата Ајлиш им се заблагодарила на здравствените работници кои се борат против коронавирусот.

Супер М

Јужнокореанската поп група го имаше највеселиот настап со видео кое ги прикажа сите 7 членови од групата како се занимаваат со разни активности во нивните домови.

Луис Фонси

Луис Фонси изведе акустична верзија на својата песна”This Is How We Do it down in Puerto Rico” пред самиот крај на првиот дел од настапот во акустична верзија со својот бенд .

Џенифер Хадсон

Пејачката и актерка ја изведе песната “Memory” од филмот “Мачки”, а обожавателите на друштвените мрежи изјавиле дека нејзиниот емотивен настап ги довел до солзи.

Ени Ленокс со ќерката

Легендарната пејачка од бендот Јуритмикс и нејзината ќерка ја изведоа верзијата на хитот”There Must Be an Angel.”

Хозиер

Песната “Take Me To Curch” и понатаму силно влијае на публиката, особено во овие времиња.

Лиам Пејн и Рита Ора

Ја извеле песната”For You”, која е дел од филмот “Fifty Shades”, секој од својот дом, но песната звучела прекрасно и хармонично.

Килерс

Брендон Флауерс и Рони Ванучи ги изведоа двата хита”Mr. Brightside” и “Caution”.

Лејди Гага

И покрај тоа што ја имаше улогата на водителка, Лејди Гага отпеа емотивна верзија на песната “Smile”.