Конечно добри вести! Последните истражувања за корона го покажуваат она што сите сакаме да го слушнеме!

25 април, 20200
ковид

Научници од Американската национална лабораторија во Лос Аламос, Ново Мексико, објавиле истражување во кое коронавирусот го успорува своето ширење.

Како што навеле во своето истражување, тие го проучувале зголемувањето на бројот на новите случаи, како и бројот на новопочинати од Ковид-19 во 51 земја во светот

Се покажало дека во 42 земји ширењето на вирусот се намалило, додека во 34 од тие 42 има значително успорување.

Во истражувањето биле вклучени и земји кои се најтешко погодени од епидемијата, како што се Италија, Шпанија, САД, Велика Британија, но и оние кои имале поголем успех во борбата против вирусот, како Австрија, Грција, Чешка, Германија…

Научниците соопштиле дека анализирале податоци од 15 април и дека, иако во некои земји расте ширењето на вирусот, во многу земји е намалено, а еден заразен сега може да ја пренесе заразата само на уште едно лице или помалку од едно, што е далеку од првичната вирулентност. Анализата е поткрепена со широк математички модел.

Привремените отскокнувања на новозаразени во Италија или Шпанија велат дека е резултат на одложена детекција на болеста.

Но, како што тврдат тие, експоненцијалната крива на пораст на бројот на заразени е стопирана во некои земји и сега опаѓа, иако тоа оди многу побавно отколку самиот раст на епидемијата. Во некои земји порастот е стопиран дури за 84 проценти во споредба со почетокот на епидемијата.

Научниците нагласиле дека нивното истражување не се занимава со начините на кои се спречува епидемијата, но се покажало дека мерката за социјално дистанцирање многу допринела за опаѓање на вирулентноста на Ковид-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi