Корона? Што се Кинезите ставаат во уста?! Ма дај…

31 март, 20200
hrana

Локалното население во многу земји консумира храна што нам ни изгледа бизарна, но Кина убедливо има најразновидна понуда на храна во светот. Доколку прошетате низ некоја прометна улица ќе најдете вкусни деликатеси, но и храна и намирници кои се прилично одвратни. Некои од овие јадења се познати по нивниот вкус, некои по тоа што се уникатни, а други по нивните лековити својства. Нивните јадења можат да бидат направени од животни, растенија, инсекти, од сè што може да се јаде. Има една изрека за Кинезите која, ако размислите малку повеќе, е сосема точна: „Кинезите јадат сè што има четири нозе освен маси и столчиња, и сè што лета освен авионот“.

Балут

Многумина од нас консумираат јајца затоа што се многу хранливи. Кинезите и некои други народи јадат јајца на многу поинаков начин, наречен балут. Балут е делумно развиено пилешко јајце или јајце од патка кое било во инкубатор помеѓу 14 и 21 дена, по што се готви и се служи за јадење, пренесува Лист Верс.

Балут е многу популарна храна која може да се најде на уличните тезги за храна. Можеби звучи страшно некој да јаде делумно развиена патка, но ова јадење се смета за деликатес на многу места. Оплоденото јајце се готви околу 25 минути и се јаде додека е сè уште топло. Оние кои го пробале велат дека жолчката од јајце има богат и кремаст вкус. Некои јајца содржат коски и пердуви што се  исто така за јадење. Мештаните веруваат дека коските и пердувите во јајцата можат да ги направат мажите повеќе мускулести.

Свилена буба

Во многу култури, разни инсекти се сметаат за деликатес. Мештаните во Кина сакаат да јадат свилени буби. Вкусот на овие буби е сличен на вкусот на шкампи или ракчиња.

Свилените буби може да се најдат на локалните пазари и во маркетите. Тие се подготвуваат на различни начини, но можете да ги купите замрзнати или во конзерва. Свилената буба на кинески начин често се меша со зеленчук, соја сос и зачини. Обично се служи со ориз или тестенини. Меѓутоа, ако повеќе сте љубители на слатка храна, можете да пробате и свилени буби со чоколаден прелив.

Пенис од овен

View this post on Instagram

#Taiwan #Braised #SheepPenis

A post shared by John-Han Shin (@john.han.shin) on

Ако сакате да го зголемите либидото, Кинезите имаат бизарен оброк што може да ви помогне. Пенисот од овен се служи со пенисите и тестисите на други животни и се користи како лек за проблеми со овие органи. Ресторанот Гуолизхуанг во Кина ги служи на сите видови храна од животински гениталии.

Мештаните уживаат во вкусот на ова јадење, но исто така веруваат дека е добро за здравјето. Повеќето посетители на ресторанот се мажи кои сакаат да ја подобрат својата потенција и сексуална издржливост. Кинезите веруваат дека можат да обноват одредени делови од телото ако консумираат оброци полни со само оние делови од животните. Тестисите и пенисите на разни животни се користат за подобрување на сексуалното здравје. Наместо да пиете лек, обидете се со овој уникатен кинески метод.

Супа од птичја плунка

Една од најбизарните работи што кинезите ја јадат е контроверзната супа од птичја плунка. Овој деликатес е всушност направен од гнездо на посебен вид чиопа. Оваа мала птица живее во југозападна Азија, живее во пештера како лилјак. Нивните гнезда се направени од нивната плунка, која ја создаваат жлездите кои се наоѓаат под нивниот јазик. Гнездото што оваа птица го прави од плунка се стврднува кога доаѓа во контакт со воздух.

Оваа супа се подготвува со тоа што најпрво гнездото се натопува во вода, а потоа полека се вари на пареа. Текстурата на гнездото е мека како желе, но нема посебен вкус. Мештаните ја консумираат оваа супа редовно за здравствени придобивки. Се верува дека ако јадете супа редовно, ќе ја зачувате својата младост.

Скорпии на стапче

Ако се најдете во Кина и сакате да пробате луда закуска, пробајте скорпии. Овие мали скорпии се пржат и се служат на дрвено стапче. Тие можат да се најдат на улиците на популарните кинески градови за да ги намамат туристите да пробаат нешто ново и лудо. Бидејќи скорпиите се тенки, кога ќе се испржсат тие се многу крцкави. Кинезите веруваат дека консумирањето скорпии може да излечи одредени медицински состојби.

Пилешки тестиси

KFC нуди неколку видови на пилешко на своето мени, но ако сакате да пробате пилешки тестиси, ќе треба да барате на друго место. Се верува дека овој деликатес ја подобрува кожата кај жените и ја зајакнува сексуалната издржливост кај мажите. Достапни се во розева и црна боја, со големина од 2,5 см до 5 см.

Изгледаат како мали колбаси, а за да бидат меки, се готват многу кратко. Кога ќе ги гризнете, сокот ја исполнува устата. Откако ќе се испржат или зготват, тестисите имаат благ вкус и затоа најдобро се служат со ориз и тестенини.

Пржено морско коњче

Морското коњче е најслатката мала морска риба која можете да ја најдете во морето, но покрај морето можете да ја најдете во форма на закуска на улиците на Кина. Морското коњче е слично на лигњите и е многу солено. Обично можете да ги најдете во супа. Треба да ги јадете внимателно, бидејќи содржат остри делови што можат да се заглават во непцата и забите.

Кинезите веруваат дека конзумирањето морски плодови има одредени придобивки. Многу локални жители го консумираат затоа што сметаат дека е одличен лек за зајакнување на енергијата и подобрување на сексуалните перформанси. Тие можат да се мешаат со разни билки и да се готват како чај. Тој напиток лечи астма и сексуална дисфункција кај мажите. За жал, заради зголемената побарувачка на пазарот, популацијата на морските коњчиња се намалува.

Желе од оклоп на желка

Желето од оклоп од желка е познат кинески десерт. Традиционално се прави од разни видови на долниот оклоп на желката и мешавина од неколку зачини. Повеќето желеа се направени од вообичаени и достапни видови на желки за да се задржи цената на желеа на ниско ниво, но има и екстремно скапи опции кои се направени од состојки на егзотични типови на желки. Некои желеа од желка повеќе не содржат состојки од вистински желки.

Овој деликатес се користи и за медицински цели во Кина. Се смета дека може да ја подобри циркулацијата, растот на мускулите и да ја врати функцијата на бубрезите. Оваа желе е обично со кафена или црна боја и со горчлив вкус, но може да се додадат разни засладувачи за подобрување на вкусот.

Супа од лилјак

Откако ќе зоврие во пилешка супа, целиот лилјак со супата се става во чинија. Лилјакот се сече со нож и вилушка, а супата се јаде со лажица, со цревата. Влакната се дел од супата, како и мембраните на крилјата на лилјакот.

Ова јадење е наводно вкусно, но изгледа прилично невкусно. Лилјаците можат да пренесат голем број на болести на луѓето, така што оваа практика за јадење на овој специјалитет се смета за погрешна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi