Кралицата за историја! Преседан којшто не го направила од смртта на принцезата Дијана и од смртта на нејзината мајка!

4 април, 20200
kralicata

Говорот на кралицата Елизабета Втора е закажан за во недела. Како што знаеме, тоа го прави само кога ситуацијата во земјата е алармантна.

Кралицата Елизабета Втора во недела со говор ќе се обрати пред жителите на Велика Британија во врска со кризата предизвикана од корона вирусот. Ситуацијата во Велика Британија е исклучително сериозна и тешка па затоа кралицата одлучи да и се обрати на нацијата. Да се потсетиме, таа три пати досега го сторила ова, а ова ќе биде нејзино четврто обраќање во нејзиното 68 годишно владеење.

Бакингемската палата објави дека говорот на кралицата ќе биде снимен во замокот Виндзор и ќе се емитува во 20 часот на телевизија и на радио.

Се обраќа само во време на голема криза

Во март таа даде изјава во која вели дека корона вирусот предизвикал земјата да биде во голема неизвесност. Таа додаде дека медицинскиот персонал, лекарите, службите за итни случаи и научниците сега се од голема важност.

БиБиСи наведува дека кралицата Елизабета Втора ќе зборува за важноста на секоја личност во борбата против корона вирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi