Крвта не е вода! Никој не ја знае, а таа е алтер его на Ким Јонг Ун

23 април, 20200
ким

Ким Јо Јонг станува една од најистакнатите фигури во политиката и режимот на Северна Кореја покрај нејзиниот брат Ким Јонг Ун. Таа се смета за мозок на операцијата зад внимателно конструираниот имиџ на нејзиниот брат, а за возврат ужива целосна доверба од лидерот на земјата, истиот оној што е во состојба да го погуби својот чичко за наводно предавство.

Додека светот се бори со пандемијата на коронавирус – од Пјонгјанг продолжува да се инсистира на тоа дека не е регистриран ниту еден случај – продолжува подемот на Ким Jонг.

Минатиот месец, таа ја даде својата прва јавна изјава, нарекувајќи ја Јужна Кореја „исплашено лаење на кучиња“, откако Сеул протестираше против воените вежби. А во март, таа јавно го пофали Доналд Трамп што испрати писмо до Ким со надеж дека ќе одржува добри билатерални односи, нудејќи помош во решавањето на пандемијата на коронавирус.

Објавувањето политички изјави во име на Ким Jo Јонг ја потенцира нејзината централна улога во режимот, вели Јонгшик Бонг, истражувач од Институтот за студии во Северна Кореја на Универзитетот во Сеул.

„Откриено е дека Ким Јонг Ун дозволила да се напише таква грозна изјава за Јужна Кореја“, рече Бонг.

„Јасно е дека тој е подготвен да и дозволи на својата сестра да стане негово алтерно его“, рече тој.

Според „Гардијан“, Ким била вклучена во уредувањето на подемот на нејзиниот брат како следен врховен лидер, откако Ким Јонг Ил доживеал два мозочни удари во 2008та година. Но таа не беше спомената во државните медиуми на Северна Кореја до март 2014 година, кога го придружуваше својот брат за време на изборите за Врховното национално собрание.

Во меѓународното опкружување, Jо Јонг имаше видно присуство за време на дипломатскиот процес на режимот со Вашингтон и Сеул. Во нејзината матична држава, таа ја има улогата на главен пропагандист, зачувувајќи го угледот на Ким како водач на династијата што владее со Северна Кореја три генерации.

„Таа има директен пристап и силно влијание врз Ким Јонг Ун“, рече Леонид Петров, севернокорејски специјалист и предавач на Меѓународниот колеџ за менаџмент во Сиднеј.

„Таа не е поврзана со неговите воени членови, но знае сè за нив. Таа е доверлива политичка личност која му помага на Ким да одржува позитивен имиџ во јавноста кога има работа со странци или Јужнокорејци”, пишува Гардијан.

Во време кога Ким Јонг Ун е во сериозна здравствена состојба после операцијата на срцето, се шпекулира дека неговата 31-годишна сестра наскоро ќе ја преземе улогата на владетел. Сепак, експертите веруваат дека патријархалната културата и почитта кон постарите лица никогаш нема да дозволи помлада жена да владее со земјата. Петров посочува дека е само личност од доверба и нема да може да биде ништо повеќе од тоа.

Но, Ана Фифлид од „Вашингтон пост“ не го дели истото мислење. „Ким Јонг Јо е единствената во семејството Ким која е во состојба да го преземе режимот од Ким Јонг Ун“, напиша таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi