„Машини за Берење“: Во Супермаркетите отстрануваат производи од кокос поради злоупотреба на мајмуни! (Видео)

5 јули, 20200
majmuni

Мајмуните кои биле фатени во дивината, ги здружувале на едно место и со скротување можеле да собираат до илјада кокоси на ден. Се верува дека луѓето можат да соберат до 80 плодови од кокосови палми, соопшти здружението на активисти „Луѓе за етички третман на животните“.

Здружението за заштита на животните објави дека Макаки мајмуните во Тајланд се третираат како „машини за собирање кокос“. После ова, голем број супермаркети ја повлекоа спорната стока од продажба.

Здружението Пета сооштило дека пронашле осум фарми во Тајланд каде се користеле мајмуни за да берат кокос, кои потоа ги извезувале низ целиот свет.

Откриени се и „школи на мајмуни“, во кои животните биле обучени да одберат овошје, како и да возат велосипеди или да играат кошарка за да ги забавуваат туристите.

 Здружението Пета тврди дека условите во кои се чуваат животните се многу лоши и дека се под постојан стрес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi