На ова видео може да видите колку брзо се шири Корона вирусот во еден ресторан

12 мај, 20200
762027_virus_ls1

Која е причината поради која виролозите предупредуваат за миењето раце?

Одговорот на ова прашање може да се види во видеото кое го објавил белгискиот виролог Марк ван Ранст на Twitter. На ова видео може да се види како корона вирусот се шири во затворен простор.

Сево ова било дел од експеримент кој е направен во Јапонија. Од десет луѓе во ресторанот еден од гостите глумел заболен со симптоми на корона вирус односно на еден од ракавите имал флуоросцентна боја која не е видлива на дневна светлина. Таа боја го претставувала всушност вирусот.

Според ова, има 10 луѓе во просторијата и еден заразен кои седат на иста маса. После половина час светлата се изгаснале и под ултравиолетова светлина може да се види каде завршила флуоросцентната боја која претставувала вирус.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=20&v=JT8DnOlzMJs&feature=emb_title

Бојата може да ја забележите на учесниците во експериментот, на приборот за јадење и на масите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi