НА СЕКОИ 30 СЕКУНДИ ЕДНО ЛИЦЕ ИСЧЕЗНУВА ВО СВЕТОТ: Децата се мета на трговија со луѓе преку Интернет

1 август, 2020
trgovija

На секои 30 секунди, едно лице во светот се експлоатира и воведува во синџирот на трговија со луѓе. Со цел целиот свет да се бори против оваа опасност, Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 30 јули 2013 година, Светски ден за борба против трговијата со луѓе.

Само во првите три месеци од 2020 година во Европа, дури 40 лица исчезнаа на дневна основа. Во последната деценија, децата станаа цел број еден во очите на трговците со луѓе, а обидите за експлоатација и регрутирање малолетни лица најчесто се прават преку Интернет.

Здравствената состојба предизвикана од вирусот COVID-19 дополнително влијае на зголемувањето на бројот на жртви на трговија со луѓе од повеќе причини. Трговците со луѓе ги прилагодиле своите модели на однесување на „новата норма“, што особено се одразило на зголеменото присуство на млади и деца на Интернет, како и злоупотребата на современите комуникациски технологии. Од друга страна, со оглед на ограничувањето на движењето, намалениот пристап до социјални и јавни услуги, жртвите на трговија со луѓе се со помала веројатност да избегаат и да најдат помош. Исто така, COVID-19 ја влоши ситуацијата со обезбедување на лесно достапни жртви на трговците, имајќи предвид дека половина од светската работна сила се соочува со огромни загуби на деловната активност, намалени плати и нарушување на нормалниот живот. За жал, задолжителното носење маски го отежнуваше идентификувањето на исчезнатите лица.

Националната линија за трговија со луѓе во Америка соопшти дека бројот на случаи се зголемил за 40% за време на пандемијата и дека во моментов има зголемена потреба за комбинирана сила на заедниците, семејствата и социјалните ресурси за намалување на овие статистики.

„Поради пандемијата на коронавирус, децата се насочени на Интернет повеќе од кога било, што носи со себе бројни опасности, бидејќи на дигиталните канали во просек дури 750.000 предатори демнат секоја секунда. Нивната цел е да регрутираат малолетни лица за кривични дела. Затоа е многу важно да посвети внимание секој ден, секоја недела, секој месец и да разговараме што е можно повеќе за оваа тема, за да придонесеме за ефективна борба, рече Ана Крстајиќ, глобален претставник на фондацијата УНИТАС, по повод Светскиот ден за борба против трговијата со луѓе.

Фондацијата УНИТАС е меѓународна хуманитарна организација која се занимава со борба против трговијата со луѓе. Проектите и активностите на Фондацијата се насочени кон превенција преку едукација на деца, млади и родители, но и за да им помогнат на жртвите да напредуваат преку програми за економско зајакнување. Во Америка, Фондацијата исто така обезбедува постојана психолошка помош.