Научниците откриваат: Oвде е најчистиот воздух на светот!

24 јуни, 20200
vozduh

Едно истражување кое е објавено во магазинот „Proceedings of the National Ademy of Sciences“ открива дека Јужниот Океан околу Антарктикот е вистинското место ако навистина сакате свеж воздух. Благодарение на временските услови и функционирање на глобалната клима, облаците над Јужниот Океан се недопрени.

Човечкото влијание е неизбежно на многу места на Планетата Земја. Ѓубрето кое го оставаме може да се пронајде дури и на најоддалечените места во океанот, бидејќи секојдневно океаните исфрлаат пластика дури и на плажите кои не се достапни за луѓето. Хемикалиите кои ги произведуваме се наоѓаат насекаде околу нас. Но не и далеку на југот.

Истражувачите кои го проучувале воздухот над Јужниот Океан откриле дека тамошните облаци не покажуваат знаци на човечка негрижа. Нема траги на фосилни горива, ѓубре или друг човечки отпад.

Научниците земале примероци во близина на површината на океанот, како и примероци од атмосферата над океанот. Го проучувале составот на микробите кои се нашле во воздухот и откриле дека микробите веројатно потекнуваат од океанот. Значи, Јужниот Океан е доволно далеку од повеќето човечки цивилизации за да биде загаден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *