Некои кинески пазари продолжуваат да работат и да продаваат месо од лилјаци и други животни!!!

4 април, 20200
kuce-vo-kafez-kina

Повторно истата песна! Кинезите продолжуваат безмилосно да ги третираат кутрите животни! 🙁

Исплашени кучиња и мачки заробени во ‘рѓосани кафези, продавање на лилјаци и скорпии како традиционални лекови за некои болести, зајаци и патки одрани на ладен под, покриени со крв и нечистотија. Тоа е беше жалната глетка на пазарите во Кина пред почетокот на пандемијата со коронавирусот, но за жал тоа е и глетката од пред некој ден, пренесува „Дејли Мејл“.

Кина на овој начин ја слави победата на пандемијата, а сцените се повеќе од вознемирувачки. Иако некои пазари се затворени, како што е оној во Вухан од каде започна сето тоа, ова се снимки од Гвилин во југозападна Кина.

Пред само три месеци, целиот свет се побуни поради вознемирувачките фотографии и условите во кои животните се чуваат и продаваат. Тогаш сè запре, но повторно започна како ништо да не се случило во меѓувреме.

Според известувачот на „Дејли Мејл“, на пазарот имало илјадници луѓе. Кафези од различни видови на животни биле натрупани едни над други. На друг пазар за месо во Донггуан, јужна Кина, друг дописник сликал како продавач на лилјаци што се вратил на работа на пазарот шетал со рекламни табли од самите животни – за кои се смета дека се причина за епидемијата – заедно со скорпиите и другите животинки.

Шокантните сцени се случиле кога во Кина конечно заврши карантинот и ги охрабри луѓето да се вратат во секојдневниот живот за да ја зајакнат економијата, која претрпува значителна загуба.

Гилинскиот пазар вчера бил преполн со купувачи, нудејќи свежо месо од кучиња и мачки, за кои Кинезите сметаат дека е традиционално „топло“ зимско јадење.

По падот на стапката на вирусот во Кина, владата во Пекинг презентира теории на заговор дека епидемијата воопшто не започнала во Кина. Дискредитираната приказна, широко споделена на кинеската платформа за социјални медиуми „Веибо“, тврди дека коронавирусот за прв пат бил откриен во Италија во ноември.

Во меѓувреме, кинеските власти прикажуваат неосновани теории на заговор дека американската војска го пуштила вирусот на нивните брегови. Единствениот кинески град кој сеуште е затворен е Вухан, но дури и таму се укинати некои ограничувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi