НЕМА ДА ПОВЕРУВАТЕ НА НОВАТА МЕРКА НА ЛУДИЛО ВО САД!!! Што се нема на човек да му “ПАДНЕ НА ПАМЕТ”

7 јуни, 2020
nz

Во новите цртани филмови Looney Tunes кои Warner Bros ги подготвува за HBO Max, Elmer Fad (кај нас преведен како Ловџијата) остана без пушка, а таа одлука предизвика поделени реакции кај гледачите.

Промената во најновото издание на класичната анимирана серија е одговор на насилството со оружје во САД, пренесува Њујорк Тајмс.

Добро познатите цртани филмови главно се базираат на континуираната потрага на Ловџијата по Душко Долгоушко – зајакот кој јаде морков и честопати ја користи добро познатата фраза What’s up Doc?

Ловџијата е познат по својата реченица во која ги моли гледачите да бидат тивки, затоа што го лови зајакот,а секојпат е надмудрен иако со себе ја носи својата пушка. „Не сакаме оружје“, рече Питер Браунагарт, извршен продуцент на новата серија, за Њујорк Тајмс.