Нереална сцена во Индија: Како благодарност, докторите добија цвеќиња на необичен начин

4 мај, 2020
индија

Индиските воздухопловни сили им оддадоа почит на лекарите, болничарите и другите работници кои се во првите редови на фронтот против коронавирусот, исфрлајќи ливчиња од цвеќиња низ целата земја.

Голем број хеликоптери кои припаѓаат на индиските воени сили и морнарицата, фрлаа цветни ливчиња беа фрлени над водечките болници за лекување на пациенти кои страдаат од Ковид-19, вклучувајќи ги Делхи, Шилонг, Гувахати и Мумбаи.

Индија е во карантин од 25 март.

Два месеци од првиот регистриран случај во земјата, има повеќе од 1.300 потврдени смртни случаи поврзани со коронавирус.