Неверојатно откритие: Ова животно би можело да го спаси светот од корона, еве како…

7 мај, 20200
lama

Според американските и белгиските научници, лама наречена Винтер би можела да биде клучот за да се најде лек за Ковид-19.

Истражувачите од Универзитетот во Остин, Тексас и Националниот институт за здравство и Универзитетот „ Gent “ во Белгија велат дека создале антитела со употреба на лама, за која се тврди дека ги штити човечките клетки од Ковид-19, објавува Sky News.

Пред четири години, тимот започна да истражува антитела кои можат да се спротивстават на вирусите САРС или МЕРС, кои се поврзани со новиот корона вирус. Тогаш на ламата, наречена Винтер, која има четири години и живее на фарма во белгиско село и била вбрзигана безбедна верзија на САРС и МЕРС.

Научниците потоа изолирале антитела од нејзината крв, кои се произведуваат како одговор на антигенот и можат да помогнат во спречувањето на идните инфекции.

Ова било искористено за да се создаде ново антитело за кое научниците велат дека може да спречи САРС-КоВ-2, корона вирус што предизвикува Ковид-19 да ги зарази клетките.

„Ова е едно од првите антитела познати за неутрализирање на САРС-КоВ-2“, вели Џејсон Меклелан, вонреден професор по молекуларна бионаука во УТ Остин и е еден од авторите на студијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi