ЊУЈОРК СЀ УШТЕ Е ГРАД НА ДУХОВИ! Погледнете како изгледа светската метропола број ЕДЕН после “НАПАДОТ ОД КОРОНА ВИРУСОТ” (видео)

9 јуни, 2020
newyork

По 78-дневната наредба да останат дома, Њујорк започнува денес со отворање.

Сепак, Њујорк и градовите ширум САД треба да се справат со комбинацијата на корона  вирусот, огромна невработеност и системски расизам, што им носи најголема штета на афро-американските заедници.

Како епицентар на пандемијата, најголемиот и најнаселен град во САД, Њујорк денес влегува во првата фаза од нејзиното повторно отворање, на работниците кои немаат клучни работни места во градежништвото и производството им е дозволено да се вратат на работа, а  малопродажните објекти да организираат продажба.

„Ова е триумфален момент за Њујорчаните кои се борат со болеста“, рече градоначалникот Бил де Блазио.

Салони за убавина, канцеларии и внатрешениот простор во баровите и рестораните остануваат затворени до следната фаза на отворање.

Претставите на Бродвеј, музеите и големите културни собири сè уште се далеку од враќање во нормала.

Во државата Њујорк повеќе од 377,000 луѓе се заразиле од корона вирусот, а повеќе од 30.000 починале, покажуваат податоците на универзитетот Џонс Хопкинс.

Повеќе од 21.000 од загинатите или две третини, се во градот Њујорк.

Повторното отворање доаѓа откако коронавирусот уби луѓе низ целиот град, особено во населби на афроамериканци и други малцинства.

Во Њујорк, двојно повеќе Афроамериканци и Латиноамериканци починаа од коронавирус во споредба со белите луѓе, според податоците на градот.

Според Дејвид Вилијамс, професор по јавно здравство и афроамерикански студии на Харвард, Ковид-19 е само последната болест која имала непропорционално влијание врз малцинските заедници.

Здравствените експерти изразија загриженост дека протестите во кои учествуваат многу луѓе во борбата против расизмот може да доведат до ново зголемување на случаите на корона вирусот.

„Иако сите се загрижени за ризикот од Ковид-19, ризикот од самото тоа да се биде Афроамериканец во оваа земја понекогаш го надминува тоа“, рече д-р Аби Хусеин, експерт за заразни болести на Универзитетот во Вашингтон.

Според гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, 35 луѓе починале од коронавирус во сабота и 45 во недела.

„Во однос на тоа каде бевме, ова е големо олеснување“, вели тој.